Општи услови за снабдување со електрична енергија



1. Податоци за договорните страни
- Податоци за снабдувач (Назив на друштвото, ЕДБ,ЕМБГ,Адреса и име и презиме на управител)
- Податоци за потрошувач
А) Назив на друштвото,ЕДБ,ЕМБГ,Адреса и име и презиме на управител – доколку е правно лице
Б) Име и презиме, адреса и ЕМБГ - доколку е физичко лице или домаќинство
- Податоци за Гарант Платец (Име и презиме, адреса и ЕМБГ)

2. Предмет на договор
- Предмет на овој договор е купопродажба на електрична енергија. Со овој Договор се уредуваат условите и начинот на снабдување со електрична енергија, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на Снабдувачот и Потрошувачот.

3. Услугите што ги обезбедува снабдувачот и начин на нивно користење од страна на потрошувачот
- Снабдувачот се обврзува да испорача, а Потрошувачот да преземе и плати електрична енергија која му е испорачана од Снабдувачот, согласно условите и роковите утврдени во овој Договор и прилозите кои се составен дел од Договорот. Снабдувачот без надомест превзема обврска на Потрошувачот да му ги испорача и следниве дополнители услуги:
- да го вклучи во неговата балансна група;
- одговорност за балансирање на потрошувачката и
- предвидување и најава

4. Количина и динамика на испорака на електрина енергија
(1) Снабдувачот ќе го снабдува со електрична енергија Потрошувачот врз оснвова на неговите потреби.
(2) Мерењето на електрична енергија со која бил снабден потрошувачот ќе го врши Операторот на електродистрибутивниот систем преку мерни уреди кои ги вградува, одржува, контролира и менува согласно закон и Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија.
(3) Отчитувањата на мерните уреди, Операторот на електродистрибутивниот систем ги доставува до Снабдувачот.
(4) Договорот се склучува за снабдување на мерните места дадени во Прилог бр.1 – „Листа на места на потрошувачка“.
(5) Потрошувачот ќе има обврска да ги плати само количините електрична енергија кои се испорачани. Под испорачани количини на електрична енергија ќе се подразбира количината која реално е измерена на мерните места наведени во Договорот, согласно отчитаните податоци од соодветниот систем оператор.

5. Датум и време на отпочнување на снадувањето
(1) Овој Договор стапува на сила со негово потпишување и ќе важи до XX.XX.XXXXX год.
(2) Период на испорака
Започнување на испорака: XX.XX.XXXXX год. во 00:00 часот
Завршување на испорака XX.XX.XXXXX год. во 23:59 часот

6. Временски Период за кој се однесува пресметката за потрошена електрична енергија и моќност (во понатамошниот текст: пресметковен период)
- Сметка (фактура) за електричната енергија со која го снабдил за соодветниот пресметковен период. Фактурирањето ќе се врши месечно, врз основа на податоците за испорачани количини на електрична енергија за односниот пресметковен период доставени од страна на соодветниот систем оператор.

7. Список на мерни места, дадени во прилог на договорот , како и начинот на измена на списокот без притоа да се менува договорот
Договорот се склучува за снабдување на мерните места дадени во Прилог бр.1 – „Листа на места на потрошувачка“.
При додавање на нови мерни места потрошувачот го информира Снабдувачот при што се потпишува анекс на договорот и истото е без дополнителен надоместок.

8. Преземање на обврска за балансирање на потрошувачот
- Снабдувачот без надомест превзема обврска на Потрошувачот да му ги испорача и следниве дополнители услуги:
- да го вклучи во неговата балансна група;
- одговорност за балансирање на потрошувачката и
- предвидување и најава

9. Адреса за доставување на фактурите
Фактурата ќе биде доставена преку пошта во хартиена форма на адресата на потрошувачот според договорот.Снабдувачот ќе достави и скенирана верзија од фактурата во електронското сандаче на Потрошувачот, а како официјални е-маил адреси за кореспонденција ќе се користат:
- За Снабдувач: energyonmk@gmail.com
- За Потрошувач:
Доколку потрошувачот не ја добие фактурата е должен истата да ја побара од Снабдувачот, и тоа не го одложува периодот за плаќање.

10. Услов и начин на плаќање
Потрошувачот целосно ќе го плати фактурираниот износ во рок од 20 (дваесет) дена од денот на завршувањето на пресметковниот период.

11. Цена за електрична енергија
- Цената на електричната енергија која Купувачот ќе ја плати се определува во денари за kWh.
- Ценaтa за електрична енергија ќе изнесува ______ ден/kWh без пресметан ддв.

12. Обврски на потрошувачот за купување на електрична енергија произведена од обновливи извори за кои се доделува повластена тарифа
- Тарифите за Организирање на пазарот на електрична енергија (ОПЕЕ) и за надомест за обновлива енергија (ОЕ) ги утврдува Регулаторна Комисија за Енергетика на Република Северна Македонија, односно Опетаторот на електропреносниот систем и ќе се наплаќаат заедно со сметката ( фактурата) за потрошена електрична енергија.

13. Обврски на снабдувачот и потрошувачот во случај на снабдување на потрошувачот од повеќе снабдувачи истовремено
- Договорот се склучува за снабдување на мерните места дадени во Прилог бр.1 – „Листа на места на потрошувачка“.

14. Начин, рокови и постапка за меѓусебно информирање за состојби и настани, како и промени кај договорните страни кои што влијаат врз исполнувањето на договорните обврски
- Во случај на вонреден настан, кој се случил по склучувањето на Договорот, за чие настанување Снабдувачот не одговара, а кој во времето на склучувањето на Договорот не можел да го предвиди, ниту неговото настанување можел да го спречи, избегне или отстрани (виша сила), снабдувањето може да биде прекинато или ограничено до надминувањето на настанатиот вонреден настан.
- Доколку дојде до прекин со снабдувањето на електрична енергија поради проблеми во дистрибутивната мрежа или поради вина на трети лица, Снабдувачот не одговара за настанатиот проблем но ќе направи се во неговите можности за да се отстрани настаната пречка и да се продолжи со нормално снабдување.
- Во случај на правни ограничувања, измени во правниот основ или било какви противречности со законските одредби, засегнатата договорна страна ќе ја извести другата договорна страна писмено и ќе подготви анекс за измена на Договорот, така што истиот ќе биде во согласност со променетите околности.
- Доколку, во било кое време, било која одредба од овој Договор е или стане незаконска, неважечка или неприменлива, законитоста, важноста и применливоста на останатите одредби нема да биде засегната или нарушена. Договорните страни ќе ја заменат било која незаконска, неважечка или неприменлива одредба со законска, важечка и применлива одредба.
- Потрошувачот е должен во смисла на чл. 544 од Законот за трговски друштва писмено да го извести Снабдувачот во случај кога врз друштвото се отвара ликвидациона постапка, во спротивно ликвидаторот е одговорен за штетата која со тоа ќе му ја предизвика на Снабдувачот.

15. Промени во начинот на исполнување на договорните обврски кои што не влијаат врз важењето на договорот (промена на начин на плаќање, промена на адреса за доставување на фактури,промена на бројот на и местоположбата на мерните места) како и начинот,роковите и постапката за доставување на известувањата на промените
- За сите наведени промени потрошувачот и и снабдувачот ќе комуницираат преку официјална е-маил адреса или адресите од договорот.

16. Времетраењето на договорот, како и начин и услови за раскинување, или обновување на постојниот договор
- Овој Договор стапува на сила со негово потпишување и ќе важи до XX.XX.XXXXX год.
- Период на испорака
Започнување на испорака: XX.XX.XXXXX год. во 00:00 часот
Завршување на испорака XX.XX.XXXXX год. во 23:59 часот
- Во случај на предвремено раскинување на договорот согласно членот 6, Снабдувачот го задржува правото да изврши корекција на цената на електрина енергија потрошена од страна на Потрошувачот во периодот пред раскинување на договорот, согласно историските реализирани цени за електрична енергија на берзата HUPX (www.hupx.hu).
- Доколку потрошувачот го раскине Договорот пред истекот на рокот на истиот, без вина на Снабдувачот, Снабдувачот ќе пресмета надоместок во висина на 25% од годишната потрошувачка во висока и ниска тарифа остварена за претходната година , помножено со бројот на месеци кои останале нереализирани од договорениотпериод по цени договорени во Актуелниот Договор. Надоместокот ќе биде фактуриран во конечната фактура.
- Доколку Потрошувачот по истекот на периодот за кој што е склучен договорот, како и во роковите предвидени во точките (1) и (3) не го раскине договор со Снабдувачот ќе се смета дека е склучен нов договор под исти услови како и претходниот.

17. Начин на постапување со приговорите на потрошувачите којшто треба да биде во интерес на потрошувачите и кој што треба да биде транспарентен, едноставен и да не предизвикува прекумерни трошоци за потрошувачот
- Постапување по приговори на потрошувачите според правилата за снабдување со електрична енергија Член 39,40,41,42 и 43.

18. Договорни казни и казнена камата
- Доколку Потрошувачот не ја плати фактурата, или дел од фактурата во рокот на доспеаност, Снабдувачот има право да засмета казнена камата на задоцнетиот износ до датумот кога Снабдувачот го примил износот на својата трансакциска сметка. Каматната стапка се определува во висината на „Законската казнена камата“.

19. Начин и постапка за решавање на спорови спроведени од страна на снабдувачот, која што треба да биде спроведена чесно и без одлагања, по правило во рок не подолг од три месеци
- Договорните страни изјавуваат, дека се согласни било какви спорови што ќе произлезат од овој Договор, или се однесуваат на него вклучувајќи спорови во однос на неговото толкување, невалидност, исполнување или раскинување или неговото прилагодување кон новонастанати околности, ќе се решаваат со преговори помеѓу договорните страни. Доколку не се постигне договор, тогаш спорот ќе биде упатен пред надлежен суд согласно регистрираното седиште на Снабдувачот. Упатување на спорот во судска постапка нема да претставува причина за неисполнување на другите обврски согласно овој Договор.

20. Начин и постапка за надоместување на штетите и/или компензација на потрошувачите
- Договорните страни изјавуваат, дека се согласни било какви спорови што ќе произлезат од овој Договор, или се однесуваат на него вклучувајќи спорови во однос на неговото толкување, невалидност, исполнување или раскинување или неговото прилагодување кон новонастанати околности, ќе се решаваат со преговори помеѓу договорните страни. Доколку не се постигне договор, тогаш спорот ќе биде упатен пред надлежен суд согласно регистрираното седиште на Снабдувачот. Упатување на спорот во судска постапка нема да претставува причина за неисполнување на другите обврски согласно овој Договор.